Македонија
23. October 2020 - 19:55

Косовскиот премиер во посета на Македонија

Од Скопје до Приштина ќе може да се стига за 45 минути, ама по три години. Прмеиерот Заев по средбата со неговиот косовски колега Авдулах Хоти најави дека изгрдбата на 12 километри автопат на кои се чека со децении ќе почне на почетокот на идната година. За разлика од земјава која се уште е во фаза на проектирање, Косово го заврши автопатот од Приштина до граница во должина од 60 километри за три години.

Двајцата прмеиери разговарале и за корона кризата и заедничкото менаџирање на проблемот. Засега границите се отворени и без тестови за граѓаните од двете земји. Косовскиот премиер вели дека состојбата ќе се следи и ќе се носат одлуки за да се заузда ширењето на вирусот.

Косовската делегација денеска во Скопје беше пречекана со држави почести, а двајцата премиери на ТЕТ а ТЕТ средба разговарале и за надминување на отворнеите прашања во регионот и за европските интеграции на земјите.