Балкан
1. September 2016 - 15:53

Косовската Влада го повлече предлог договорот за демаркација со Црна Гора

Косовската Влада го повлече денеска од собраниска процедура предлогот за Договор за демаркација на границата со Црна Гора.

На седницата на парламентот премиерот Иса Мустафа рече дека Владата го повлекла предлог законот за ратификација на Договорот за демаркација со Црна Гора, наведувајќи причина – неприсуство на пратеници од Српската листа.

Демонстранти собрани пред зградата на парламентот скандираа „Победа“, откако слушнаа дека е повлечен предлогот за демаркација. Според косовски медиуми, не е регистриран ниту еден инцидент.