Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица

– Како главен преговарач на Република Косово, официјално му ја пренесов на специјалниот пратеник за дијалогот, Питер Соренсен, нашата длабока загриженост за најновите случувања поврзани со исчезнатите лица за време на војната 1998-1999 година. Ја замолив Европската Унија да обезбеди Србија целосно да ги спроведе своите обврски од Декларацијата за исчезнати лица, вклучително и неограничен пристап до архивите и заштита на оние кои даваат информации. Семејствата предолго чекаат на вистината, објави Бајрами на платформата Икс.
Во текот на изминатата недела во северно Косово беа пронајдени две масовни гробници. Косовските власти тврдат дека Србија чува доверливи документите на бригадите, за кои се верува дека ако се објават јавно и би помогнале во пронаоѓањето на посмртните останки.
Во 2023 година, тогашниот премиер на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, постигнаа договор во рамките на Дијалогот за судбината на исчезнатите лица.
Спогодбата имаше за цел да обезбеди целосен пристап до сигурни и точни информации што ќе помогнат во пронаоѓањето и идентификувањето на исчезнатите, но сè уште не е спроведена.
МИА
Ново на Сител
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
-

Претрес на 32 локации за откривање на фалсификаторите на возачки дозволи
-

Мицкоски најавува поевтина струја – Филипче не верува
-

Мицкоски: Mногу бргу ќе има решение за нов клинички центар
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
