Loading Video...
Кошарка
13. February 2020 - 14:50

Кошаркарите ги започнат подготовките за новиот квалификациски циклус

Со прес конференцијата, а веднаш потоа и првиот тренинг машката македонската кошаркарската репрезентација ги започна мини подготовките за првите два дуели од 
новиот квалификациски циклус за Европското првенство 2020 година. 
 
Со неколкумина млади кошаркари и искусните браќа Стојановски, како и новиот селектор Александар Тодоров, нашата селекција ќе се обиде да се врати на старите патеки односно да обезбеди ново учество на завршницата континенталното првенство. 
 
Не само Естонија, напротив ќе мора да добиеме барем два-три натпревари доколку сакаме да се пласираме на ЕП истакна Тодоров. 
 
Но, за да тргне според посакуваното Естонците во Скопје мора „да паднат“, а за тоа да се случи ние ќе мораме 
 
- „Какви и да се играчите и тактиките, оној што ќе ја сака повеќе победата и повеќе ќе се бори тој ќе победи. Одбраната ќе биде клучна. Ние немаме екипа која може да постигне 90 поени, а тие да. Затоа мора да ги ограничиме на мал број поени„, истакна селекторот Тодоров.
 
Покрај Естонците против кои црвено-жолтите ќе играат во Скопје на 20 февруари кога во арената „Борис Трајковски“ (термин 20.15 часот), противници на нашите кошаркари ќе бидат и Русите против кои ќе играме само три дена подоцна (23. Февруари) и тоа во далечниот Прем (термин 16 часот), како и еден од домаќините на Евробаскетот догодина Италија