Кошарка
29. јуни 2016 - 14:49

Кошарка У-20: Македонија на два дуела со Бугарија

 
 Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години денеска и утре во салата „Кале“ ќе одигра две контролни средби против соодветната селекција на Бугарија.
 
Избраниците на селекторот Љупчо Малинков на дуелите во Скопје ќе имаат можност да му се реваншираат на националниот тим на Бугарија за поразите на пријателските средби во Правец.
 
На натпреварите во Правец нашите млади кошаркари претрпеа два минимални порази, првиот со 49:48 со кош примен во последните секунди, а вториот со 62:57.
 
Пријателските средби против Бугарија „црвено жолтите“ ќе ги искористат за воигрување на нови техничко тактички варијанти и за контрола на сработеното на подготовките за претстојното Европско првенство во Грција.