Кошарка
4. August 2021 - 9:21

Кошарка У-18: Македонската репрезентација поразена од Хрватска

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години загуби од Хрватска со 108:77, синоќа во почетното коло од ФИБА „Челенџер“ турнирот во Скопје.

Најефикасни кошаркари во македонскиот национален тим беа Митревски со 13, Наков и Мемед со по 11 поени.

Во второто коло, вечер од 21часот, Македонија ќе игра против селекцијата на Грузија. Претходно, од 15 часот, ќе играат Германија и Шпанија, а од 18 часот, репрезентациите на Србија и на Хрватска.