Фудбал
23. February 2020 - 12:36

Коронавирусот одложи три натпревари во Серија А

Премиерот на Италија, Џузепе Конте најави откажување на сите спортски настани во провинциите Ломбардија и Венето. Меѓу нив се три натпревари од серија А. Причината за оваа одлука се случаите на коронавирус во посочените региони.

Отдложени се натпреварите:

Верона – Каљари

Аталанта – Сасуоло и

Интер – Сампдорија.

Сите овие средби требаше да се одржат денеска. Не се објавени нови датуми на натпревар.

Во Италија се пријавени 79 случаи на коронавирус – повеќе отколку во другите европски земји, 47 од нив се во Ломбардија, 17 – во Венето.

Училиштата не работат во овие региони. Досега две лица починаа од оваа болест во земјата.