Loading Video...
Фудбал
21. јуни 2019 - 15:40
Копа Америка: Уругвај извлече „реми“ во дуелот со Јапонците
Селекцијата на Јапонија која заедно со Катар како гости настапуваат на „Копа Америка“ одигра без победник 2:2 во дуелот со еден од главните фаворити на првенството Уругвај.
Благодарение на двата гола на Коџи Мијоши во 25-тата и 59-тата минута, селекцијата на Јапонија во два наврати имаше водство против Уругвај, кој пак преку Луис Суарез од пенал (32.минута) и Хозе Хименез во 66.минута успеа да остане непоразена.
Ова беше дуел од Ц групата од 2.коло кое вечерва ќе го заокружат бранителот на трофејот Чиле и Еквадор.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->