Loading Video...
Фудбал
17. јуни 2019 - 15:08

Копа Америка: Уругвај го „демолира“ Еквадор, Парагвај и Катар одиграа без победник

 
 
 
Во првиот меч од воведното коло на Ц групата на „копа Америка“, селекцијата на Уругвај забележа убедлива победа над Еквадор со 4-0. 
 
Серијата на голови ја отвори Лодеиро уште во 6-минута, а до крајот на првиот дел во листата на стрелци се запишаа и Единсон Кавани во 33-тата и Луси Суарез во 44-тата минута. Четвртиот гол за Уругвајците практично беше автогол на Артуро Мина во 78-минута.
 
Во вториот меч од оваа група ноќеска ќе играат Јапонија и Чиле. 
 
А, селекциите на Катар и Парагвај го комплетираа 1.коло во Б групата. На мечот одигран на легендарната „Маракана“ Парагвајците имаа предност од 2:0 со головите на Кардозо од пенал (4 минута) и Гонзалез во 56-тата, но азиската селекција преку Али (68) и Хухи (77) успеа да израмни на 2:2, што беше и конечен резултат на овој меч.