Свет
31. October 2017 - 8:36

Конвој со хуманитарна помош влезе во предградие на Дамаск

Конвој на Обединетите нации и на сириската Црвена полумесечина со хуманитарна помош за 400.000 лице, влезе синоќа во источна Гоута, предградие на Дамаск, кое е под опсада на бунтовниците.

Хуманитарната помош се состои од храна и лекови.

Најмалку 1.200 деца во источна Гоута страдаат од недохранетост, а 1.500 се на работ на недохранетост, посочи портпаролка на УНИЦЕФ минатата недела.