Контроверзна реклама со најавениот ѕид на границата меѓу САД и Мексико
Компанијата за градежни материјали „84 Ламбер“ сними реклама, која беше оценета како „премногу контроверзна“, па за време на синоќешниот Супер бол во рагби на американските гледачи им беше прикажана во скратена верзија.
Имено, на рекламата следи приказна за мајка и ќерка од Мексико кои се обидуваат да влезат во САД за време на изградбата на ѕидот на американско-мексиканската граница, што го најави претседателот Доналд Трамп.
Телевизијата „Фокс“, која важи за поддржувач на Трамп, ја оцени рекламата како „премногу контроверзна“ за емитување на нејзините програми, па гледачите кои го следеа Супер болот можеа да ја видат во цензурирана форма.
Сепак компанијата се потруди рекламата да ја објави на својата веб страница, каде сите можат да ја видат во нејзината оригинална форма.
Ваквата постапка на „Фокс“ предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде голем број корисници ја споделија оригиналната верзија на рекламата, со оценки дека таа содржи „силна порака“ поврзана со миграцијата.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење