Свет
5. October 2017 - 8:34

Контролирана експлозија на сомнителен пакет во Лондон

Британската полиција изврши контролирана експлозија на сомнителен пакет, пронајден близу метро станицата Ејнџел во Лондон.

Претходно, станицата беше затворена и евакуирана, откако синоќа бил забележан сомнителен пакет.

Велика Британија се наоѓа на второ ниво на опасност од тероризам, откако во изминатите неколку месеци се случија повеќе напади во таа земја.