Свет
27. October 2017 - 11:32

Константин Косачев го декативира налогот наТвитер по забраната за рекламирање на РТ и Спутник

Претседателот со Комитетот за надворешни работи на горниот дом на рускиот Парламент, Советот на Федерацијата, Константин Косачев го деактивира својот налог на социјалната мрежа Твитер, во знак на протест откако на руските медиуми Спутњик и Раша Тудеј им беше забрането комерцијално да ги промовираат своите вести.

Твитер се реши на овој чекор по серијата обвинувања дека платените реклами и вести кои руски медиуми ги ширеле на англиски јазик на социјалните мрежи, влијаеле врз резултатите од минатогодишните претседателски избори во САД.

- Јас лично го користам Твитер и до сега сметав дека оваа мрежа е независна. Сега гледаме како таа функционира и колку е исполитизирана. Затоа решив да се повлечам од Твитер и да го избришам мојот профил. Може на тоа да гледате како на солидарност со РТ и Спутник, ако сакате, напиша Косачев во својата последна порака на Твитер.

Руското Министерство за надворешни работи најави дека ќе одговори на потегот на Твитер, кој го оцени како кршење на слободата на говорот од страна на САД, каде е седиштето на компанијата.

Американската Демократска партија инсистира дека ширењето „лажни вести“ преку Фејсбук и Твитер, вклучително и од корисници од Македонија, довело до неочекуваниот пораз на изборите на нивниот кандидат Хилари Клинтон од Доналд Трамп.