Коњановски: Битола отсекогаш била прогресивна, предвесник на сите победи
Битола отсекогаш била прогресивна, предвесник на сите победи, изјави кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Тони Коњановски кој вчера победи во првиот круг од Локалните избори во тој град.
На прес-конференција Коњановски се заблагодари за поддршката од битолчани и ги повика и во вториот круг заеднички да ја прослават победата и неговиот избор за иден градоначалник на Битола.
-Ви благодарам што ме препознавте како еден од вас, битолчанец, граѓанин кој сака да работи заедно со вас, за да живееме овде, подобро и во поубава Битола. Ви благодарам за довербата, за мудроста, за заедништвото. Битола мора да се развие и да биде вистински дом на сите кои живеат во Битола. Битола отсекогаш била прогресивна, предвесник на сите победи, ви благодарам што останавте горди и силни, и што не дозволивте да ве уплашат заканите и што не замолчивте под притисокот на државниот апарат. Вчера покажавте дека нашиот живот, нашиот глас, не е за некој да прави трговија со него. Два и два се четири во трговијата, но во политиката народот не смее да биде користен за калкулации и изборни математики. Секој битолчанец има свој силен глас и вчера го даде за подобро живеење. Така ќе биде уште еднаш, на 31 октомври, кога ќе се гласа за подобра Битола, за силен локален економски развој, за нови работни места, за развиена инфратруктура, истакна Коњановски.
Ново на Сител
-
МФ: Исплатата на плати, како и другите буџетски расходи се реализираат врз основа на обезбедени средства во буџетот
-
САД најавуваат 2,2 милијарди долари за ново оружје и муниција за Украина
-
На 9.април ќе се трча 11.то издание на Женска трка
-
Почина модниот креатор Пако Рабан
-
Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“
-
Уапсен 19 годишник од Слупчане - при претрес во неговиот дом била пронајдена дрога
-
Кина: Наводниот шпионски балон над САД е метеоролошки уред
-
Мицкоски: Власта не ги решава проблемите на земјоделците