Бизнис
3. December 2016 - 9:05

Конференција за циркуларна економија

Конференција на тема „Циркуларна економија: Кон „Нула Отпад“ и младинско вработување“ организираат денеска еколошките организации Ајде Македонија и Гоу Грин  во соработка со Цивика Мобилитас и Француската амбасада.

Што е тоа „циркуларна економија“, како овој концепт да ја развие македонската економија и како младите да се образуваат за да бидат дел од економски систем кој се насочува кон максимална употреба и реупотреба на ресурсите, а истовремено е и во хармонија со животната средина, се прашањата на кои ќе се обидат да одговорат голем број граѓански активисти, политичари, бизнисмени и професори од Македонија. Ќе стане збор и за потребата од нов економски модел кој ќе овозможи раст на економијата и постигнување социо-економска стабилност кај граѓаните.