-->
-->
Концерт на Михајло Куфојанакис и Тодор Светиев во Софија
-->
Во Музичкиот центар „Борис Христов“ во Софија, концерт за виолина и пијано вечер ќе одржат македонските музички уметници и педагози, Михајло Куфојанакис и Тодор Светиев.
Во рамките на циклусот музички концерти насловени „Скопје-Софија“, на 12. Меѓународен музички фестивал „Борис Христов“, покрај дуото Куфојанакис-Светиев, свои целовечерни концерти ќе имаат Даница Стојанова (пијано) на 15 јуни и на 17 јуни Гонца Богоромова-Краповски (сопран) во пијано придружба на познатиот бугарски музички уметник Милен Станев.
Михајло Куфојанакис и Тодор Светиев, пред публиката во Софија ќе се претстават со комплетно македонски музички дела, на програмата ќе бидат исполнети композиции од Т.Зографски, К.Македонски, В.Николовски, С.Стојков, Р.Аврамовски.
Михајло Куфојанакис во својата богата музичка кариера има остварени солистички концерти во Русија, Бугарија, Турција, Грција, Италија, Австрија, Хрватска, Црна Гора, Чешка, настапувал со врвни музички формации од Македонската филхармонија до познатите Загребски солисти. Во 2015 година одбележа 35 години од својата уметничка дејност. Редовен професор по виолина на Факултетот за музичка уметност во Скопје, добитник на врвни домашни и меѓународни музички награди и признанија.
Тодор Светиев повеќе години работи успешно како професор по пијано на Факултетот за музички уметности во Скопје, минатата година одбележа 40 години од својата уметничка кариера. Настапувал на престижни домашни и меѓународни музички сцени, од Охридско лето, преко повеќе успешни турнеи низ Шпанија, Белгија, Бугарија, Русија, Хрватска, Кипар...Добитник на престижни домашни и меѓународни награди и признанија.
Нивното прво заедничко музичко претставување на музичкиот фестивал „Борис Христов“ во Софија е дел од годишната програма на Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија, програмски поддржан од Министеството за култура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија