Ракомет
28. July 2017 - 12:49

Комплетирани полуфиналните двојки СП за ракометари до 21 година

 
 
Познати се репрезентациите кои ќе се борат за медалите на Светското ракометно првенство за играчи до 21 година што се одржува во Алжир. 
 
Франција – Данска и Германија – Шпанија ќе играат во полуфиналето на младинскиот ракометен Мундијал. 
 
Ова е исходот по комплетирањето на четвртфиналните натпревари во кои беа постигнати овие резултати: 
Франција – Македонија 33:17, Германија - Тунис27:21, Шпанија – Унгарија 30-29 (по продолженија) и Данска – Русија 38-31. 
 
Денеска на шампионатот е слободен ден. Полуфиналните натпревари ќе се играат во сабота од 18 и 30 часот, додека дуелите за медал на прграмата се во недела.
 
Претстојниот викенд ќе се играат и мечевите за пласман од 5 до 8 место, на кои ќе настапи и македонската репрезентација. Црвено-жолтите утре од 17 часот, а противник ќе биде селекцијата на Русија која во групната фаза избраниците на селекторот Илија Темелковски ја совладаа со 29-27. 
https://

.be