Кошарка
5. July 2019 - 16:30

Комплетирани полуфиналните двојки на женскиот Евробаскет

Франција - Велика Британија и Србија - Шпанија се полуфиналните двојки на женскиот Евробаскет во сениорска конкуренција.  
 
Ова е исходот по одиграните четвртфинални дуели во кои домаќинот на завршниот турнир Србија убедливо со 87-49 ја победи Шведска.  Актуелниот првак Шпанија над Русија до 78-54. 
 
Претходно. Велика Британија ја победи Унгарија со 62-59, а Франција со 84-80 славеше над Белгија. 
 
Така утре во полуфинале од 18 часот ќе играат  Франција и Велика Британија, а од 20:30 часот е дуелот меѓу Србија и Шпанија селекции кои го освојуваа тронот на последните две првенства.