Loading Video...
Кошарка
9. September 2019 - 18:18
Комплетирани четвртфиналите двојки за СП
САД – Франција и Австралија - Чешка, ќе играат во четвртфиналето на Мундобаскетот во Кина.
Ова е епилогот по денешните одиграни дуели во осминафиналните групи во кои во директна пресметка за место меѓу осумте најдобри, Грција забележа пирова победа над Чешка со 84-77, но недоволно да се пласира во четвртфиналето.
А, во него Чесите за противник ќе ја имаат Австралија која беше подобра од Франција со 100-98 и го освои првото место во својата група. „Триколорите“ пак во четвртфиналето кое на програмата е во среда ќе играат против Американците.
Утре на програмата се првите натпревари од четвртфиналето во кпои за место во големата четворка ќе се борат Аргентина – Србија и Шпанија - Полска.
Распоред на 1/4-финалните натпревар
Вторник (10 септември),
АРГЕНТИНА - СРБИЈА (од 13 часот)
ШПАНИЈА - ПОЛСКА (од 15 часот)
Среда (11 септември)
САД - ФРАНЦИЈА (од 13 часот)
АВСТРАЛИЈА - ЧЕШКА (од 15 часот)
Паровите за полуфиналните натпревари кои на програмата се во петок (13 септември) ќе ги дадат победниците од дуелите: Аргентина - Србија и САД - Франција (од 13 часот), односно Шпанија - Полска и Австралија - Чешка (од 15 часот)
Додека поразените ден порано (четврток 12 септември) ќе разигруваат за пласман од 5 до 8 место.
Дуелите за медал се закажани за во недела (15 септември) и тоа од 10 часот ќе започне мечот за 3.место, а големото финале ќе стартува од 14 часот.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->