-->
-->
Компаниите од индустриската зона Визбегово незадоволни од пресметката за комуналии од Општина Чучер Сандево
-->
Комуналиите за градежно земјиште во Општина Чучер Сандево имаат нереално висока цена, се жалат стопанствениците од индустриската зона Визбегово.
Советот на Општина Чучер Санедево донел одлука цената за комуналии за метар квадратен да изнесува 35 евра, наспроти само едно евро за квадрат на пример во делот од зоната што е под надлежност на Општина Бутел.
Од Стопанската комора на северозападна Македонија сметаат дека ваквата одлука е на штета на бизнисот и целокупниот развој, а ке придонесе само да си заминат инвеститорите.
Бизнисмените бараат градоначалникот на Чучер Сандево итно да ја повлече одлуката, која според нив е неразумна и нема реална основа за такво покачување на комуналиите особено затоа што зоната нема добри услови за работа.
Досега целата инфраструктура во зоната е изградена од самите инвеститори. Велат дека ниту државата, ниту општините досега не инвестирале ниту денар за изградба на инфраструктура во зоната.
Мирјана Јовеска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална