Македонија
29. November 2019 - 8:52

Комората на извршители ќе организира „Отворени денови со граѓаните”

Комората на извршители на Република Македонија (КИРМ) денеска на прес-конференцијата ќе информира за одлуката на Управниот одбор на КИРМ за организирање „Отворени денови со граѓаните”.

Овие активности, ккао што велат од Комората, ќе се одржуваат во различни градови во државата на тема „Извршувањето во РМ и проблемите кои ги имаат граѓаните во текот на постапката”.

Целта е граѓаните да земат што поголемо учество во „Отворените денови’’ заради давање правна помош од страна на извршителите и укажување со кои правни средства законски можат да си ги остварат своите права во извршувањето.