Македонија
16. November 2016 - 8:48

Комитетот на ОН за човекови права ја осуди руската окупација на Крим

Комитетот на Обединетите нации за човекови права усвои резолуција, со која ја осуди „времената окупација“ на Крим од страна на Русија и ги потврди заложбите на ОН кон украинскиот суверенитет над полуостровот во Црното Море. 

Русија го повика Комитетот да гласа против резолуцијата, но таа сепак беше увоена вчера со 72 гласови „за“, 23 „против“ и 76 „воздржани“.

Резолуцијата речиси сигурно ќе биде усвоена со сличен број гласови, кога ќе биде доставена на гласање во Генералното собрание на Обединетите нации следниот месец

Нацрт-резолуцијата ги осудува „злоупотребувањата, мерките и случаите на дискриминација против жителите на времено окупираниот Крим, вклучувајќи ги и кримските Татари“. 

Анатолиј Викторов, кој раководи со Одделот за човекови права во руското Министерство за надворешни работи резолуцијата ја нарече политичка и изјави дека жителите на Крим „избрале да гласаат на историски референдум за обединување со Русија“.