Македонија
8. February 2022 - 16:24

Командир од Пехчево ќе останел без прст откако полицаец му го одгризал на новогодишна прослава

Командир на ПС Пехчево ќе останел без прст откако полицаец му го одгризал за време на новогодишната прослава, пренесува МКД.мк.

Како што пишува порталот, В.Р., командир на полициската станица Пехчево, за малку ќе останел без прстот со кој во вербална расправија мавтал кон полицаецот Д.А. од селото Ратево, кој потоа силно го гризнал. Инцидентот се случил лани на 25 декември за време на новогодишна прослава на 35 полицајци од полициската станица во Пехчево, во ресторанот Бастион во село Владимирово. По санирањето на повредата, ОВР Берово се обидело да го скрие инцидентот, за кој не била направена никаква официјална белешка.

На 8 јануари, повредениот командир преку својот адвокат побарал внатрешната контрола на МВР да го испита случајот, по што, пред два дена, била поведена и кривична постапка пред Основниот суд во Берово. Освен тоа, командирот покренал и граѓанска тужба за надомест на штета.