Македонија
27. March 2021 - 9:30

Колони возила на Табановце, Македонците се упатија на вакцинирање во Србија | ФОТО

Колони возила утринава се забележани на граничниот премин Табановце, а за излез од државата се чека околу 40 минути.

Причина за ваквиот застој на ГП Табановце се големиот број Македонци кои од вчера патуваат во Србија, каде викендов имаат закажани термини за вакцинирање.

- На граничниот премин Табановце, поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути, информираат од АМСМ.

На останатите гранични премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.