Колку се намалени трошоците на живот во ноември?
Трошоците на живот во ноември годинава бележат намалување од 0,1 отсто во однос на претходниот месец и на истиот месецот минатата година. Цените на мало, пак, бележат намалување за 0,6 отсто во однос на претходниот месец, а во однос на лани намалување од 1,7 отсто.
Државниот завод за статистика објави резултати според кои намалувањето на иднексите на трошоците на живот во ноември 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 9,6 отсто и безалкохолните пијалаци за 0,3 отсто.
Исто така, намалување на индексите на трошоците за живот се забележани и кај авионскиот превоз на патниците за 23 отсто, а пак течните горива за домаќинство за 2,3 отсто, информатичката опрема за 1,8 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 1,6 отсто, електричните апарати за лична хигиена за 1,4 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,9 отсто, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 0,8 отсто, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0,7 отсто, големите електрични апарати за домаќинствата, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0,6 отсто, книгите за 0,5 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 0,3 отсто.
Пораст на индексот на трошоците на животот во ноември 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 5,6 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 1,6 отсто, свежата и разладената риба за 0,8 отсто, другите пекарски производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,7 отсто, трбушките за 0,6 отсто, жестоките пијалаци за 0,5 отсто, лебот и житата, месото, сирењето и урдата за 0,4 отсто.
Во ноември 2019 година, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај гасот за домаќинствата за 4,5 отсто, обувките за 2,3 отсто, отпадната вода за 1,1 отсто, автомобилите за еден отсто, другите лични предмети за 0,8 отсто, другите медицински производи, туристичките пакет-аранжмани за 0,5 отсто, снабдувањето со вода, мебелот и покуќнината за 0,3 отсто и конфекцијата за 0,2 отсто.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово