Македонија
9. November 2019 - 19:10

Кој ја контролира продажбата на алкохол на концертите на тинејџерските ѕвезди?

Звучни и имиња, популарни артисти, магнет за бројна публика. Ако станува збор за ѕвезда која ги освоила и срцата на тинејџерите успехот е загарантиран а салата полна.

Но, што им се нуди токму на тие малолетни гости помеѓу редовите во полната сала.

Од 5.500денари до 7.500 чинат четири влезници со гратис алкохолен пијалак, полно шише а изборот е на гостите од вино до виски, но изборот ја менува цената. Оваа реклама ја пронајдовме и на најпосетуваниот онлајн сервис за продажба на влезници. Од таму велат дека влезниците со гратис алкохол не се продваат преку интернет туку само во салонот во ГТЦ.

- Конкретните влезници ( пакети од 4 карти + пијалок по избор кој се нуди ) не се достапни за он-лине продажба. Истите ги продаваат или резервираат самите организатори на настаните како и продажните места со приложување на лична карта како доказ, беше одговорот кој го добивме од купи карти за се.

Побаравме одговор и од организаторите за тоа како ја вршат проверката и кој може да купи од овие ВИП влезници.

Одбија да зстанат пред камерата на Сител со образложение дека се премногу зафатени со организација на настаните, но иако ветија не одговорија на поставените прашања во писмена форма, па за нас прашањата останаа не одговорени.

Од МВР тврдат дека контролите се редвни, но редовни се и оние кои го кршат законот.

Вечерва во Скопје многумина ќе се забавуваат на звуците на омилените артисти, утре на некој друг, следниот викенд градските сали ќе ги полнат нови уметници, но кој ја носи грижата за малолетниците.

Стенд: Салата Борис Трајковски вечерва сигурно ќе биде полна, а по сите добиени одговори верјоатно најсигурни како родители ќе бидете само ако заедно со вашето малолетно дете присуствувате на концертот за да се уверите дека алколот нема да стигне во неговите раце.