Живот
1. August 2017 - 20:54

Кога запросувањето буквално ќе тргне „низ вода“

Млад Американец решил да ја запроси саканата и тоа да биде посебно - ја извел при еден водопад во сојузната држава Колорадо, секако - без таа да ги знае неговите намери.

Но, во најважниот момент, вљубениот Ендру Шумен го испуштил прстенот во водата.

- Ние отидовме и се подготвувавме да скокаме. Цело време го стискав прстенот в рака. И, во најважниот момент почнав да паничам и кога паднав на колена и ја отворив раката, прстенот исчезна, раскажува тој.

Во тој момент кај него настанал хаос, па ги заборавил и зборовите на својата заклетва.

- Чувствајќи очај, јас сепак успеав да се приберам и сепак и предложив брак, додава Ендру.

Приказната има среќен крај. Девојката рекла - да!