Живот
12. April 2018 - 9:27

Кога првата брачна ноќ ќе тргне на лошо: Сопружници ги откриваат најголемите разочарување кои ги доживеа после свадбата

Првата брачна ноќ би требало да биде полна со страсти, меѓутоа за многу парови знае да биде вистинско разочарување.

На апликацијата „Виспер“ објавени се шокантни исповеди на млади кои не се усреќиле премногу во првата брачна ноќ во креветот со своите партнери.

Ова се некои од нив:

-Немавме секс првата брачна ноќ. Мојот маж се напи, се караше со мене и на крај само заспа… но ми врати утрото.

-Ме уапсија на првата брачна ноќ… Не го консумиравме нашиот брак четири дена.

-Додека ја соблекував венчаницата, мојот маж заспа… и не сакаше да се разбуди. Тоа не е баш она што го планирав.

-Првата брачна ноќ се напив и повраќав, а маж ми остана буден и играше „WOW“.

-Мојот маж и јас првата брачна ноќ ги јадевме остатоците од храната и ги отворавме подароците. Не ни беше до ништо друго.

-Поради премногу шампањ добив главоболка и отидов дома порано, па немавме секс

-Ја оженив девојката со која бев три години. Таа сакаше да чека до бракот за секс. Првата брачна ноќ беше на телефон до 2 и пол утрото, а потоа рече дека е уморна. Тек после два дена конечно спиевме заедно.

-Првата брачна ноќ мојот сопруг и јас бевме уморни и нервозни. Јас многу плачев и не можев ниту да спијам.

-Не сакав да имам секс со мажот првата брачна ноќ. Мислам дека тоа беше знак дека нашиот брак нема да успее.