Живот
29. January 2020 - 10:02

Коби Брајант и сопругата имале пакт – никогаш да не летаат заедно со хеликоптер

Кошаркарската суперѕвезда Коби Брајант и неговата ќерка Џијана во неделата трагично го загубија животот заедно со уште седум други лица во хеликоптерска несреќа во Лос Анџелес, САД.

Брајант често користел хеликоптер како превозно средство, уште од времето кога бил активен играч. Тоа не го правел за да се фали со својата слава и богатство, туку за да го скрати времето кое го минува во превоз од тренинг или натпревари до дома и обратно. Брајант сакал да го избегне сообраќајниот метеж во Лос Анџелес, кој ви одзема и по неколку часа од времето секој ден.

Интересно е тоа што американските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до семејството Брајант, објавуваат дека Коби и неговата сопруга Ванеса имале пакт – никогаш да не летаат заедно во хеликоптер. Тие биле свесни дека може да се случи несреќа и не сакале да ги остават децата без двајца родители.