Клоп не ги поднесува временските услови во Англија
Јирген Клоп го трансформираше Ливерпул во „сила“ во европскиот фудбал и постојано ја искажува љубовта кон англискиот клуб, меѓутоа, засега одбива да го продолжи договорот кој му трае до 2022 година. Според неговиот агент, главна причина за тоа е лошото англиско време.
Марк Козике, агентот кој го претставува Клоп, за „Спокс“ потврди дека Германецот ќе го исполни договорот, како што направи и во Мајнц и во Борусија Дортмунд, но дека засега нема да потпише нов договор. Главната причина е климата во северна Англија, каде што дождот и „мрачните“ облаци го расипуваат расположението.
„Додека работеше во Германија, Клоп ги избегнуваше мрачните утра и вечери со годишни одмори во текот на зимската пауза во Бундеслигата. Во Премиер лигата немаше пауза во текот на зимата и тогаш има најмногу натпревари. Лошото време го нервира Клоп. Се сеќавам дека Ливерпул побара продолжување на договорот во ноември или декември и им кажав да почекаат. Јирген и неговата сопруга Ула стануваат рано наутро, кога уште е темница и кога ќе се видат повторно пак е темница или е сиво и грми“, објаснува Козике.
Ново на Сител
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија