Фудбал
6. May 2021 - 11:06

Клоп ќе остане во Ливерпул дури и ако клубот не се квалификува во Лигата на шампионите

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ќе остане во клубот, објави „Скај спорт Германија“, повикувајќи се на германскиот агент Марк Косике.

Косике изјави дека 53-годишниот Германец ќе остане во англискиот клуб, дури и ако тимот не се квалификува во Лигата на шампионите на крајот на сезоната. Договорот на Клоп истекува во летото 2024 година.

Клоп го предводи Ливерпул од октомври 2015 година. Со „црвените“ тој стана шампион на Англија и ја освои Лигата на шампионите.

Ливерпул по 33 натпревари, е седми во Премиер лигата со 54 бода. Тимот е на 7 бода од Челзи, кој е на четвртото место, кое пак обезбедува учество во Лигата на шампионите.