Клиниката за психијатрија со нова опрема и реновирано болничко крило
Нова апаратура за неурофидбек (метода со која се мерат мозочните бранови и се влијае на нив), за транскранијална магнетна стимулација (процедура која има ефект во редукција на симптомите на депресија), како и реновирано болничко крило беа промовирани денеска на Универзитетската клиника за психијатрија, во пресрет на 7 април, Светски ден на здравјето.
По тој повод, Клиниката денеска ја посетија министерот за здравство Венко Филипче и државниот секретар во Министерството, Владимир Милошев.
- Светскиот ден на здравјето е одлична можност да потсетиме на приоритетите на Министерството за здравство. Унапредувањето на менталното здравје е високо на нашата агенда заедно со вакцинацијата и справувањето со новороденечката смртност. Не смееме да дозволиме менталното здравје, односно заболувањата да останат табу тема во нашето опшстество, изјави Филипче.
Посочи дека со директорот на Клиниката, Стојан Бајрактаров разговарале за потребата од нова опрема за дијагностика на овие заболувања и воведување нови лекови кои ќе бидат значајно олеснување на состојбата на овие пациенти.
Бајрактаров рече дека Министерството за здравство има нова програма за ментално здравје која ќе биде национална стратегија и акциски план, кој многу брзо ќе биде подготвен, во насока на подобрување на состојбата со менталното здравје во Република Македонија.
Потенцира дека континуирано работат на подобрување на нивните услуги и третмани, а реновирани се и сите одделенија, амбулантата и дневната болница.
- Имаме нови услуги во последните неколку месеци кои се имплементираат и преку нови пакети услуги кои ни ги овозможува Фондот за здравствено осигурување. Имаме отворено неколку нови кабинети, а во овој период почнуваме и со два научно-истражувачки проекти. Имаме опрема и за дијагностика и третман, а лабораторијата планираме да ја прошириме со нови дијагностички процедури. Во процес сме на набавка на нова опрема за дијагностика на растројства на спиење т.е.мобилна полисонографија, додаде Бајрактаров.
Ново на Сител
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата