-->
-->
Ќе ви се заледи крвта - Стаклен под пукна на 1.000 метри височина
-->
Во Геолошкиот парк на планината Јунтаи во Кина, неодамна распука и ги преплаши туристите кој во моментот пешачеле по него. Атракцијата е поставена на повеќе од 1.000 метри над земјата, па може само да се претпостави како реагирале луѓето што биле на преминот.
Ли Донг Хаи турист кој бил на стаклениот премин, објаснува дека непосредно пред крајот на турата, слушнал звук, а кога погледнал надоле забележал дека една од плочите е пукната.
„Многу луѓе почнаа да врискаат. Јас викав дека стаклото пукна и ги буткав луѓето пред мене за побрзо да избегаме“ - вели тој.
Портпаролот на туристичкото биро на паркот изјавил дека стаклото пукнало откако на еден турист му паднала метална чаша. Сепак, тој појаснил дека туристите не биле во опасност бидејќи се скршил само првиот од трите стаклени слоеви.
Стаклената патека беше отворена во септември, а сега ќе биде затворена на неопределен период.
Стаклените мостови и патеки се многу популарни во Кина, а непосредно по отворањето на овој, во Кина беше отворен и највисокиот стаклен мост во светот, додека уште неколку се во градба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите