Живот
6. September 2017 - 14:47

Ќе ви пукне срцето: Ова е најтажната невеста на светот

Видеото кое се појавило на интернет, ја прикажува најтажната невеста во историјата, а нејзината приказна ја пренеле светските медиуми.

22-годишната Марјона Худоидодова од Таџикистан се омажила за една година постариот наставник по историја Саидшо Асроров, а бракот го договориле нејзините родители по наредба на таџикистанскиот претседател Рахмон. 

Меѓутоа, додека на снимката се гледа дека младоженецот е воодушевен од венчавката, 22-годишната Марјона во текот на оваа церемонија ниеднаш не се насмевнала. 

Во муслиманскиот Таџикистан договорените бракови се вообичаени, но ретко се случува да ги нареди претседателот. 

Во текот на церемонијата Марјона избегнувала контакт со својот нов сопруг. 

"Моите родители прифатија да се омажам за овој човек под услов да ми биде дозволено да продолжам да работам како медицинска сестра во болница. Мојот сопруг се согласи и јас ќе продолжам да работам", рекла Марјона. 

Нејзината мајка рекла дека Саидшо е првата личност која се согласила да и дозволи да продолжи да работи.