Ќе спроведат мерки за намалување на смртноста на мајките и новороденчињата
Владата заедно со Фондот за население на ОН (УНПФА), ќе потпише договор со цел да се имплементираат нови мерки за намалување на смртноста на мајките и новороденчињата, информира денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
- Мерките опфаќаат спроведување обуки во две родилишта кои опфаќаат 60 отсто од раѓањата во државата, преку градење технички капацитети на гинеколозите и акушерите, неонатолози за услуги и ефикасна грижа за предвремено родените бебиња, примена на практики во согласност со последните стандарди на Светската здравствена организација (СЗО), истакна Бошњаковски.
Посочи дека ќе се обезбеди менторство од искусни консултанти на СЗО во текот на примената на практиките за унапредување на здравјето за предвремено родените бебиња и ќе се направи адаптација на клиничките протоколи и упатства, засновани на медицина базирана на докази.
- Дополнително до крајот на годината ќе се работи и на зголемување на свесноста на бремените жени и нивните семејства во врска со знаците на опасност од несаканите последици во текот на бременоста и породувањето, рече Бошњаковски.
Како што наведе, исто така, се работи за сериозен недостиг на гинеколози што постои повеќе од една деценија во РМ, можеби и повеќе.
- Но тоа што е важно е дека работите во моментов не ги решаваме инцидентно туку ги решаваме системски. Не може преку ноќ или за еден, два, три, па и до шест месеци, одеднаш во сите општини каде има недостиг на матични гинеколози, да се најдат матични гинеколози. Но, системско решавање значи зајакнување на постојните капацитети, зајакнување на постојните протоколи и услуги што ги добиваат родилките во РМ во постојните капацитети. Сигурни сме дека до крајот на годината ќе имаме резултати и подобрување на процентот, а до крајот на наредната, како што најавија и од Министерството за здравство, ќе бидеме блиску и до европскиот просек на смртност, рече Бошњаковски.
Ново на Сител
-
Членките на ЕУ воведоа задолжително складирање на природниот гас до почетокот на зимата
-
Јужна Африка: Смртта на тинејџерите поврзана со нешто што јаделе, пиеле или пушеле
-
Одземени лиценците на БЕГ и за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија
-
СДСМ: ЕСМ 100 отсто ги обезбедува потребите на домаќинствата по цена далеку пониска од цената на струјата на берзите
-
Поранешен фудбалер на Црвена ѕвезда си ја убил поранешната сопруга
-
Препораки за заштита од високите температури: Да се носи светла и лесна облека и да се пијат повеќе течности
-
КСС со амандман бара покачување на платите во јавниот сектор и финансиска помош за приватниот
-
Лидерите на Г7 загрижени од планот за испорака на руски нуклеарни ракети во Белорусија