Македонија
15. March 2019 - 16:38

Ќе се проверува имотот на претседателот Иванов

Ќе се врши проверка на имотната состојба на претседателот Ѓорѓе Иванов, за да се утврди каква промена во имотот има тој на околу два месеци од завршување на неговиот 10 годишен мандат. Претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска информираше дека постапката ќе се води по допрен глас.  

Во однос на предметот на Антикорупциска поврзан со предизборните менувања и унапредувања во Армијата од страна на претседателот Иванов, таа рече дека добиле одговор од кабинетот на претседателот во кој биле цитирани членови од законот за тоа кои се неговите надлежности при назначувањата.

Првата антикорупционерка соопшти и дека 18 градоначалници ќе одговараат прекршочно поради тоа што не доставиле анкетни листови и изјави за судир на интереси во предвидениот рок. Казните се движат од 200 до 400 евра.

Ивановска информираше дека се пристигнати сите документи за предметите поврзани со корупција и непотизам, од сите институции од кои го побарале тоа. Истите во моментов се предмет на обработка.