Македонија
14. January 2022 - 16:33

Ќе се продолжи ли зимскиот распуст - Средношколците и наставниците против онлајн настава

Најдоцна до вторник Комисијата за заразни болести треба да даде препорака дали ќе биде продолжен зимскиот распуст или пак децата во четврток ќе се вратат во училишните клупи. Во опција е и онлајн настава. 

Според информации на Сител епидемиолозите членови на Комисијата ќе го чекаат неделниот извештај за состојбата со Ковид-19 кој го изготвува ИЈЗ за да се види дали има зголемување на бројот на новозаразени деца на школска возраст. На состанокот минатата недела било коснтатирано дека периодов има многу помалку заболени деца кои одат на училиште отколку во август кога доминираше Делта варијантата и кога се одлучуваше со каков модел ќе почне учебната година. 

Последната неделна Ковид анализа покажува дека од 3 до 9 јануари само 2 проценти од вкупно 8308 позитивни случаи се деца до 9 годишна возраст, а најголемиот број од заразените се над 20 години. 

Лекари апелираат зимскиот распуст да продолжи уште 2 недели за да се сстабилизира епидемиолошката состојба.

Од Синдикатот за образование и наука велат дека ќе остават Комисијата за заразни болести да го каже последниот збор, но според СОНК наставниците биле за учење со физичко присуство

И од Унијата на средношколци се децата и во второто полугодие да се вратат во училишните клупи, а доколку епидемиолозите одлучат дека состојбата е алармантна апелираат на комбиниран модел, но никако само он лајн настава.

Инаку и родителите се поделени, дел бараат децата да си се вратат на 20 јануари во училишните клупи, други се да продолжи распустот, трети за онлајн настава, а група родители организирани на социјалните мрежи инсистираат децата да тргнат во второ полугодие без маски.