Македонија
16. March 2019 - 16:25

Ќе паѓаат ли каматните стапки по намалувањето на основната камата од народната банка?

Компаниите се жалат дека банките тешко даваат кредити. Каматите не се толкав проблем колку условите кои ги наметнуваат банкарите. Со тоа, се жалат од сојузот на стопански комори, фирмите се спречени да инвестираат во подобрување на технологијата и зголемување на производствто.

За да земеш креди за машина ти бараат под хипотека да ставиш стан. Колку станови треба да имаш за да инвестираш во повеќе машини

Бизнисмените апелираат банкарите да се охрабрат и да почнат да го поддржуваат бизнисот што на крај ќе донесе развој и за нив.

Во тој правец се и потезите што ги влече Народната банка. Неделава уште еднаш ја намали основната камата кој сега изнесува само 2,25%. Тоа треба да биде поттик за банките да ги намалат каматите, но дали ќе биде мотив и да ги олабават условите за кредитирање. Јануарскиот извештај на централната банка покажува дека кредитирањетпо на фирмите во јануари било во пад, За разлика од кредтирањето на домаќинствата кое континуирано расте.

Вкупната задолженост на граѓаните и формите кон банките во земјава изнесува близу 4 и пол милијарди евра. Чистиот ќар на банките од каматите и провизиите минатата година изнесува надминал 250 милиони евра.