Бизнис
22. February 2019 - 19:39

Ќе најде ли владата компромис меѓу обложувалниците и здружението Анти коцкање

Ќе најде ли Владата компромис меѓу обложувалниците и Движењето Анти коцкање?

Од движењето не отстапуваат од барањето сите обложувалници и казина да се дислоцираат на поголема оддалеченост од училиштата, болниците, станбените објакти. Велат само на тој начин ќе бидат заштите младите. Децидини се, нивната намера не е затворање на објектите за игри на среќа туку само нивно преместување.

Официјално, обложувалниците не коментираат ништо додека не го видат предлог законот кој е во подготовка. Неофицијално, постои страв дека добар дел од објектите во случај да се донесе ригорозно решение, ќе останат под клуч, а голем број вработени, без работа.

Лани од игри на среќа во буџетот се слеале над 250 милиони евра.  Тие учествуваат во БДП со 4%. Вработуваат 7.700 луѓе, за кои лани биле исплатени плати во висина од 32 милиони евра, а за придонеси државата од нјив инкасирала 11 милиони.

Од Антикоцкање, пред два дена имаа средба со премиерот Заев и министерот Тевдовски. На средбата владините претсваници нагласиле дека ќе ја следат дебатата на оваа тема и ќе ги анализираат аргументите затоа тие се однесуваат на грижата за децата и младите.

За дислокација на обложувалниците од непосредба близина на училиштата се дискутира подолго време. Последниот предлог на МФ од лани предвудуваше објектите да бидат на оддалеченост од најмалку 100 метри од образовните институции. ДУИ бараше тоа да биде 500 метри. Предлогот беше повлечен од ЕНЕР. Кога ќе биде готово новото законско решение, засега не се открива.