Македонија
13. July 2019 - 16:13

Ќе има ли лидерска средба Мицкоски - Заев следната недела?

Нема официјална покана за лидерска средба од премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев до лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот вечра јавно повика на состанок, а тврдеше и дека постои комуникација меѓу двата кабинети, но дека засега одговорот од ВМРО-дпмне  бил негативен.

ВМРО-ДПМНЕ ценат дека  во овој момент најавената лидерска средба од Заев е дефокусирање на јавноста.

Од партијата на Заев пак, некоментираат дал има или нема покана за лидерска средба и кога ја планираат, но велат дека состанокот може да се случи само ако има политичка волја.

СДСМ е отворена за разговор за било која тема што е од интерес за граѓаните и иднината на државата, со сите политички субјекти.  ВМРО ДПМНЕ наместо да ги кочи процесите кои се во интерес на реформите треба да ги поддржи, тука се на пример продолжување на мандатот на СЈО, Советот за националниот сервис, АВМУ и сл. Потребна е политилка волја пред се, коментираат од СДЕСМ

Заев побара на лидерскиот состанок  да се разговара за три прашања за кои власта и опозицијата имаат различни ставови: статусот на специјалното јавно обвинителство, пописот наредната година и нов Изборен законик. Средбата Заев прв пат ја спомена уште за време на претседателската кмапања во април, но до тоа никогаш не дојде.