Македонија
23. February 2021 - 17:58

Ќе го потресе ли бегството на Мијалков владиното мнозниство?

Дали помалите коалициски партнери од власта ЛДП, Демократски сојуз или ДОМ ќе бидат пресудни за иднината на Владата на Зоран Заев? Прашањето се отвара откако дел од овие партии објавија дека во парламентот ќе имаат самостојни ставови од пратеничката група на СДСМ, а и побараа политичка одговорност околу случајот на Мијалков, иако засега остануваат во владејачкото мнозинство.

Павле Трајанов од ДС најавува дури и посебна пратеничка група со ЛДП и други пратеници, но најслабата карика во владејачкото мнозинство ја лоцира кај ДУИ.

Од ДУИ пак, возвраќаат дека нормално е во владејачко мнозинство да има разлики во мислењата, но кога одлуката ќе се донесе таа е единствена. Негираат дека има проблеми во пратеничката група.

Од ДОМ се изјаснуваат против предвремени избори.

„Се изнаслушавме информации во изминатиот период за формирање на ново мнозинство во Собранието. Јас немам сознанија дека некои мои колеги преговарале со опозицијата. Ние, пратениците од ДОМ, остануваме фокусирани на реализација на нашите приоритети од Зелената програма“, пишува Морачанин на Фејсбук.

Од СДСМ коментираат дека власта останува стабилна.

Од  опозициските Алијанса и Алтернатива пак, засега велат дека тие не преговараат за преминување на некои пратеници од албанскиот блок во нивната пратеничка група.