-->
-->
Кириленко: Најмалку седум цивили загинаа во Бахмут
-->
Најмалку седум цивили загинаа, а тројца се ранети во Бахмут, град во источна Украина во областа Доњецк, кој со месеци е место на интензивни борби со руската армија, изјави денеска регионалниот гувернер Павло Кириленко.
„Телата на тројца претходно убиени цивили се откриени на два локалитета во регионот“, напиша Кириленко на Телеграм.
Украинската армија извести за руска офанзива во правец на Бахмут, во северниот дел на регионот.
Вчера, украинските војници ги одбија руските напади во близина на десет локалитети, вклучувајќи го и Бахмут, во регионите Доњецк и Луганск.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата