Кирил Пецаков ја презеде должноста градоналник на Охрид, конституиран и новиот состав на општинскиот совет
|
Со промопредавање на должноста Кирил Пецаков денеска и официјално ја презеде градоначалничката функција во Охрид. Пецаков на функцијата градоначалник доаѓа на местото на Константин Георгиески кој изминатите две и пол години управуваше со градот и кој му беше главен противкандидат на одржаните Локални избори. – Од првиот ден ќе работиме посветено на решавање на сите проблеми и потребите да граѓаните. Приоритет ќе биде решавањето на сите горливи прашања за кои говоревме во кампањата и за сите потреби што ќе ги посочат граѓаните односно месните заедници, рече Пацаков. Тој најави ново темпо на работа на општинските служби и јавните претпријатија. По однос позначајните прашања, пред се статусот на градот во УНЕСКО, тој рече дека ќе работи во насока на исполнување на препораките. – Оставивме во текот на кампањата јасна слика како ќе работиме, вклучувајќи ги и препораките на УНЕСКО. Сето што е во наша надлежност ќе биде спроведено, рече тој, најавувајќи дека во првата година ќе се реализираат инфраструктурни проекти за кои веќе постапките се во тек. Константин Георгиески на новоизбраниот градоначалник му посака добро здравје, многу успех и посветена работа, во интерес на граѓаните на Охрид. – Разговаравме околку состојбата во Општината, за проектите што се дел отпочнати, дел што се на почеток на реализација, за раздолжувањето. Секогаш доколку има некаква потреба од информација за отпочнатите проекти ќе бидам тука, рече Георгиески. Свечените заклетви денеска ги потпишаа и новите советници така што е конституиран и новиот состав на 23-члениот Совет на Општината, во кој има десет советници на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, осум од СДСМ, двајца од ДУИ, еден советник од Левица, како и по еден претставник од групите граѓани „Охрид пред се“ и „Охрид има план Б“ |
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јове Кекеновски
-
ДУИ останува пред Уставен
-
Путин му даде азил на Башар ал Асад и неговото семејство
-
Утре протести поради загадениот воздух
-
Анализа: Mожат ли македонските институции да се справат со овогодинешниот снег и евентуални поплави?
-
Интензивните врнежи од дожд предизвикаа одрони на повеќе патни правци на истокот
-
Најмалку 6 вработени ја напуштиле Онкологија за половина година, а клиниката се уште чека нови вработувања
-
Ѓорѓиевски: Кандидатурата за Скопје ќе значи добивка и за Кисела Вода и за сите скопјани