Кинескиот ровер ги испрати првите слики од Марс
Првата кинеска сонда што слета на Марс минатата недела, во својот историски потфат ги испрати и првите фотографии од „Црвената Планета“.
Роверот „Џуронг“ прицврстен за слетувач ја проби атмосферата на Марс во саботата. Кина е првата земја што успешно инсталира сонда за време на својата прва мисија на Марс. „Џуронг“ пристигна на Марс неколку месеци по последната американска сонда „Упорност“.
Кинеската национална вселенска агенција (ЦНСА) денеска објави слики направени од роверот, на кои се гледа системот за избегнување препреки и соларните панели, како и почвата на Марс. Возилото се очекува да работи три месеци, при што кое ќе се собираат податоци, фотографии и примероци од опкружувањето.
Кина, се чини, полека ги достигнува Русија и САД, чија астронаутика има децениско искуство во истражувањето на Вселената. Кинеските власти минатиот месец успешно го лансираа првиот модул за својата идна вселенска станица во Земјината Орбита. Оттаму се надеваат дека станицата ќе може да ги прими првите луѓе до 2022 година, а потоа Кина ќе се стреми да испраќа луѓе и на Месечината.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска