Свет
6. March 2017 - 11:26

Кинескиот буџет за одбрана ќе се зголеми за седум отсто

Кинеското Министерство за финансии потврди дека буџетот за одбрана ќе се зголеми во 2017 година за седум отсто и ќе изнесува 1,044 билиони јуани (151,43 милијарди американски долари), објави Синхуа.

Агенцијата наведува дека веста ја потврдил извор од Министерството за финансии.

Портпарол на кинескиот Парламент вчера изјави дека трошоците за одбрана ќе се зголемат за седум отсто, што е 1,3 проценти од бруто домашниот производ.

Во извештајот објавен вчера од тоа Министерство при разгледување во Парламентот, не беше назначена сумата и тоа предивзика прашања за воените трошоци на Кина.