-->
-->
Кинески и турски војници ќе учествуваат во воена парада во Пакистан
-->
Кинески војници и турски воен оркестар ќе учествуваат во воена парада по повод Денот на независноста на Пакистан кон крајот на месецов, изјавија пакистанските официјални претставници, јави ДПА.
- Годишнината ќе биде одбележната на 23 март во Исламабад, изјави претставникот на пакистанската армија генерал-мајорот Асиф Гафур.
- Ова е првпат по повеќе децении, војници од други земји да учествуваат на настанот, заедно со нивните пакистански колеги, истакна преставник од сферата на безбедноста.
Пред неколку недели, Обединетите Арапски Емирати учествуваа во парада по повод Денот на републиката во соседна Индија, што одамна е во конфликт со Пакистан поради спорната погранична област Кашмир, како и по други прашања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гутереш: Ризикот од нуклеарен конфликт се врати по децении
-
Што ќе учат основците во второ и петто одделение?
-
Во Прилеп вечерва почна одбележувањето на Карпалак
-
Гостин во Тема на денот – Ивон Величковски
-
Младите македонски ракометарки ќе разигруваат за 11-место на СП во Скопје
-
Брајтон приреди големо изнеадување - го победи Манчестер Јунајтед
-
За возење под дејство на алкохол ќе се одговара кривично
-
МВР за 24 часа откри 125 пијани возачи низ државата