Кина тестирала нова хиперсонична ракета
– Кина во август тестирала нова хиперсонична ракета, јави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неколку извори.
Ракетата со нуклеарен капацитет кружела над Земјата во ниска орбита пред да забрза кон својата цел, „демонстрирајќи напредни вселенски способности што ги изненадија САД“, велат изворите.
Три извори запознаени со разузнавачки извештаи за Фајненшл Тајмс изјавиле дека ракетата ја промашила целта за повеќе од 32 километри.
Меѓутоа, два други извори рекле дека „тестот покажал оти Кина постигнала неверојатен напредок со хиперсонично оружје и дека е многу понапредна отколку што мислеле САД“.
Според изворите на весникот, хиперсоничната ракета била лансирана од ракетата Лонг Марш, која Кина претходно ја најавуваше, додека тестот во август бил тајна.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, рече дека нема да ги коментира извештаите. Сепак, тој додаде дека „продолжува загриженоста за воените способности на Кина, што само ги зголемува тензиите во регионот и пошироко.
– Тоа е една од причините што ја гледаме Кина како наш прв предизвик, нагласи Кирби
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово