Loading Video...
Свет
9. December 2018 - 19:48

Кина побара од Канада итно да ја ослободи уапсената финансиска директорка на Хуавеј

Кина ја предупреди Канада дека ќе се соочи со сериозни последици доколку веднаш не ја ослободи финансиската директорка на кинеската компанија Хуавеј, Менг Ванжу.
Таа беше уапсена од канадските власт на 1 декември по барање на САД поради сомненија за наводни измами поврзани со нарушување на америкснаските санкции кон Иран.
Компанијата веднаш по апсењето излезе со став дека нема сознанија дека Менг сторила било какво казниво дело.
Претходно остро реагираше и киниеската амбасада во САД која побара да биде ослободена.
Приведувањето на Менг доаѓа во време кога американскиот претседател Транп и неговиот кинески колега Си ЏинПинг договорија 90 дневно примирје на трговската војна