Живот
20. January 2016 - 15:32

Кина наскоро отвора најдолг стаклен мост меѓу планини

Кина ја завршува изградбата на најдолгиот стаклен мост меѓу планини во Националниот парк Тианменшен во во Жанџиајеи.

Мостот е долг 430 метри, а се наоѓа на височина од 300 метри. Под него има залив. Мостот кој ги спојува планините се наоѓа во провинцијата Хунан и може да издржи 800 луѓе истовремено.

Првиот стаклен мост долг 274 метри го направија во оваа провинција во септември минатата година во Националниот геолошки парк Шиниужаи. Тој е одалечен 500 километри од новиот мост.

И покрај тоа што еден стаклен пат околу планината испука заради тежината на туристите и е затворен за јавноста, Кина продолжува со амбициозни проекти кои вклчуваат стаклени површини.