Кина ја забрзува процедурата за извоз на нејзините вакцини против Ковид-19
Кина денеска соопшти дека нејзината царинска служба треба да му даде приоритет при постапувањето во извозот на вакцините против Ковид-19 и да го олесни нивното царинење.
Царината треба да ги постави како приоритет, процедурите за инспекција на превозниците вклучени во извозот на вакцини против Ковид-19 и да го олесни царинењето на овие пратки, соопшти кинеското Министерство за транспорт во упатствата за логистика на вакцини против Ковид-19.
Локалните транспортни власти во Кина, исто така треба да воспостават „зелени канали“ со цел испорака на вакцини да ја направат приоритетна, стои во упатствата на Министерството.
Вакцината „КоронаВак“ на кинеската компанија Синовак се испраќа во Индонезија, Турција и Бразил за масовна имунизација, додека некои земји, вклучувајќи ги Египет и Обединетите Арапски Емирати, ги добија потребните дози од кинеската национална фармацевтска група Синофарм.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење